Шпанскиот гигант под будно око ги следи случувањата околу преговорите помеѓу офанзивецот и шампионот на Премиерлигата за продолжување на соработката помеѓу обата клуба.
Категорија: Шпанија 10.10.2018 17:58 Прочитано: 916 пати
Реал Мадрид наводно ја „мониторира“ ситуацијата околу Рахем Стерлинг во неговите преговори со Манчестер Сити за потпис на нов договор, актуелниот важечки со англискиот првак за офанзивецот истекува за 18 месеци.
„ESPN FC“ наведува дека не постојат реални основи кои најавуваат дека Стерлинг би ја продолжил соработката со Премиерлигашот, а доколку се оствари тоа, Реал Мадрид сигурно ќе влезе во авантурата за да дојде до потписот на 23 годишниот репрезентативец на Англија.
Реал Мадрид засега не ја пополни адекватно дупката која остана по заминувањето на Кристијано Роналдо изминатото лето, а европскиот првак веќе има криза во офанзивниот дел од својата игра во новата ера без Португалецот.
Шпанскиот гигант би можел да го реши овој проблем уште во јануарскиот преоден рок, а извесно е дека Стерлинг поседува многу офанзивни карактеристики кои го прават адекватно решение.