24фудбал

Еден од главните осомничени во аферата за местење натпревари бил менаџер на наш поранешен репрезентативец

Поранешен македонски репрезентативен чувар на голот бил еден од многуте фудбалери кои ги користеле услугите на српскиот менаџер Вељковиќ, еден од главните осомничени во случајот со местење натпревари.

Македонија

Голема афера со лажирање натпревари го потресе европскиот фудбал, во центарот на вниманието е Белгија, од каде почнаа серија апсења поради сомневање за перење пари и лажирање фудбалски натпревари.

Истрагата се води и во уште неколку држави, меѓу кои и во Македонија, еден од главните осомничени во истрагата е српскиот менаџер Дејан Вељковиќ, кој заедно со хрватскиот стратег од клупата на Бриж, Иван Леко се веќе уапсени.

Меѓу главните осомничени е воедно и иранскиот бизнисмен со француски пасош, Моги Бајат, преку кого наводно се переле парите заработени од местењето фудбалски натпревари.

Белгиското обвинителство на поширок план ќе го истражува овој случај, а помеѓу фудбалерите кои биле клиенти на српскиот менаџер е и нашиот поранешен репрезентативен голман Томе Пачовски.


Самото тоа што Пачовски го имал Вељковиќ како свој менаџер не го вклучува во било каква замешаност во аферата, но, тоа што го имал него како претставник беше доволна основа да се најде низ неколку медиуми, меѓу кои и дел од оние во Хрватска, каде оваа тема е доста актуелна, поради Леко, како и неколку фудбалери кои потекнуваат од таа земја кои го имале Вељковиќ за нивен менаџер.