За 21 годишниот офанзивец чиј договор со Фламенго истекува во 2020. година, интерес имаа пријавено и Ливерпул и ПСЖ, но, се чини дека Милан е во пол позиција за неговиот потпис, во текот на вчерашниот ден медиуми од Италија и Бразил известија дека е постигнат договор, но, од Фламенго демантираат такво нешто, барем засега.
Категорија: Италија 11.10.2018 07:54 Прочитано: 1002 пати
Спортскиот директор на Фламенго, Карлос Новал потврди дека постојат преговори со Милан за Лукас Пакета, тој тврди дека се уште не е финализиран договорот, но, додава дека тоа може да се заврши за околу две, а можеби и повеќе седмици.
„Се уште немаме постигнато договор со Милан и преферираме да зборуваме само за работи кои ги имаме договорено“ вели Новал.
„Ние разговараме, преговорите се во тек, но, тие се уште не се финализирани, мислам дека се’ ќе биде финализирано во две седмици, можеби неколку седмици“ додаде тој.
Висината на трансферот за која се шпекулира дека би изнесувала 35 милиони евра би го направила трансферот на Пакета како најскап трансфер од Бразил во Серија А.