24фудбал

Мората: Челси не би можел да го сопре трансферот на Азар во Реал Мадрид, но не е ниту обврзан да го продаде

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората верува дека неговиот клуб не може да го сопре Еден Азар во евентуалниот трансфер, кој подолг период се најавува во Реал Мадрид, особено по неговите последни коментари дадени за јавноста.

Англија

Азар пред само два дена посочи дека е на две страни, на едната сака да го облече дресот на Реал Мадрид, а на другата дека сака да стави потпис на нов договор со Челси, од поодамна е познато дека голема желба преовладува во него еден ден да биде член на шпанскиот гигант.

Белгискиот офанзивец кој новата сезона ја почна на импресивен начин, има важечки договор со Челси до 2020. година, а неговиот соиграч од редовите на Премиерлигашот, Алваро Мората смета дека клубот нема можност да сопре евентуален трансфер на Белгиецот во шпанскиот гигант, но фактот што тој е под договор со клубот, е поволна положба за Челси.

Челси нема да биде во можност да го блокира трансферот, но, клубот може да добие добар договор, бидејќи не е обврзан да го продаде веднаш, Азар е под договор, а Челси би можел да добие навистина добар договор во оваа прилика“ смета Мората алудирајќи на тоа дека Челси има доволно време да размисли како понатаму.