24фудбал

Брозовиќ ќе потпише нов договор со Интер, поголема плата и повисока откупна клаузула за Хрватот

Брозовиќ последен пат потпиша договор со Интер во декември 2016. година, овој новиот ќе има важност како и моменталниот, до 2021. година, но, во истиот финансиските детали ќе бидат на одредено ниво повисоки.

Италија

Пред извесен период Хрватот се споменуваше како опција за Тотенхем, а Премиерлигашот во него гледаше наследник на Ерик Даер, но, извесно е дека до тоа нема да дојде по најновите информации кои пристигнуваат од Италија.

Марсело Брозовиќ наводно ги прифатил условите кои му биле понудени на маса од Интер за ставање на потпис на нов договор за продолжување на соработката со клубот до 2021. година.

Нероаѕурите беа во преговори со хрватскиот репрезентативец подолг период, а откако тој имаше одлично издание со Хрватска на Светското првенство во Русија каде стигна до финалето, преговорите помеѓу обете страни добија посилен интензитет.

Платата на 25 годишниот Брозовиќ ќе му биде зголемена во новиот договор, па така, наместо сегашната 2,4 милиони евра, новата на годишно ниво ќе му изнесува околу 3 милиони евра, со откупна клаузула која исто така ќе биде зголемена, од 60 на 70 милиони евра, а ќе важи само за клубови вон Италија.