24фудбал

Јувентус во пол позиција за потписот на Ремси, интерес има и од Ливерпул и Челси

Италијанскиот првак е главен фаворит за услугите на Велшанецот чиј актуелен важечки договор со Арсенал истекува идното лето, Старата дама би можела да дојде до договор уште во јануарскиот преоден рок.

Италија

Се чини дека заминувањето на Ремси од Арсенал по цели десет години минати во дресот на Топчиите е се поизвесно, Дејли Мејл денес извести дека Ливерпул и Челси пријавиле голема заинтересираност за услугите на Велшанецот, но тие веќе имаат конкуренција од Италија.

Освен двата Премиерлигаши, и Јувентус би можел да дојде до договор со Велшанецот, а тоа би можело Старата Дама да го стори уште во јануарскиот преоден рок, ако се земе во предвид дека неговиот договор со Арсенал истекува идното лето.

Јувентус е се чини фаворит за потписот на Ремси, како клуб вон Островот, Старата дама може да преговара за договор уште во јануари, тоа не важи за Ливерпул и Челси кои доколку посакуваат таква опција, ќе мораат да исплатат обештетување на Арсенал, или да чекаат до летниот преоден рок за да стартуваат со преговорите.

Се шпекулира дека Јувентус е блиску до посакуваните услови кои Ремси ги има, а тие се 250.000 фунти неделна плата, а Старата дама сигурно би му гарантирала на Велшанецот прилика да биде дел од почетниот состав на екипата во битката за титулата во Серија А, како и место во натпреварите од Лигата на шампионите.