24фудбал

Зидан си заминал од Реал Мадрид поради неостварено ветување на Перез за Бејл?

Угледен шпански весник тврди дека причината поради која Зидан се повлече од клупата на шпанскиот гигант најмногу лежи во Бејл, а се надоврзува на едно ветување на првиот човек на Кралевите поврзано токму со Велшанецот.

Шпанија

Шпанскиот весник El Pais тврди дека фантастичното и импресивно издание на Герет Бејл во големото финале од Лигата на шампионите против Ливерпул во Киев, целосно ги срушило плановите на првиот човек на шпанскиот гигант, Флорентино Перез во неговото ветување кон Зинедин Зидан.

Перез според информациите кои ги пренесува претходно наведениот медиум, наводно му ветил на Зидан дека ќе го продаде Велшанецот на крајот од сезоната, а со тоа на францускиот стратег ќе му се овозможи одредена сума за да дојде до некоја друга ѕвезда во тимот.

Мохамед Салах, Еден Азар и Хари Кејн биле големи желби на Зидан, а се шпекулира дека Перез немал ништо против астрономска сума на некој од наведените, но, по финалето од Лигата на шампионите работите целосно се промениле.

Бејл му донесе нова титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Перез за него истакнал дека дури е и подобар од Роналдо, сево ова било доволен повод Зидан да се повлече од Реал Мадрид на крајот од ланската сезона откако бил фрустриран од нереализираното ветување на Перез.