24фудбал

Умтити го пропушта и Ел Класико?

Дефанзивецот веќе 13 денови е вон комбинација за настап во редовите на Каталонците, тој веќе пропушти три натпревари, а се чини дека враќањето на терените за него ќе се одложи за подолг период од претходно очекуваното.

Шпанија

Барселона би можела да остане без услугите на Самуел Умтити подолг период од претходно предвиденото, според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија.

Најпрво се шпекулираше дека повредата на коленото е до толку сериозна што тој би можел да отсуствува цела сезона, за потоа Барселона со соопштение да извести дека повредата не е до толку сериозна.

Мундо Депортиво пишува дека очекувањата се дефанзивецот да ги пропушти трите претстојни натпревари за Каталонците, и тоа против Севиља, Интер како и Реал Мадрид.

Барселона е во проблеми во дефанзивната линија, а за издвојување е фактот што од август па наваму нема меч без примен гол во Примера, а иако тимот од Камп Ноу прави максимални напори рехабилитацијата на Французинот да тече побрзо, нема да зачуди Умтити да заврши на операција која ќе го оддалечи уште повеќе фудбалерот од терените, можност од која Барселона стравуваше.

Додека трае отсуството на Умтити, за Барселона опции во дефанзивната линија се Клеман Ленгле, како и Томас Вермален покрај стандардниот Жерард Пике.

Ленгле стартуваше на мечот против Тотенхем (2-4) во Лигата на шампионите минатата седмица, а Вермален играше на гостувањето кај Валенсија (1-1).

Мега дербито во Примера помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Камп Ноу е предвидено да се одигра на 28 овој месец.