24фудбал

Ибрахимовиќ се враќа во Манчестер јунајтед?

Шпекулациите велат дека на Мурињо му е потребен додатен квалитет во тимот, ветеран кој поседува лидерски способности за да се помогне на тимот полека но сигурно да влезе во серија по очајниот старт на новата сезона.

Англија

Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во редовите на Манчестер јунајтед, ова е секако изненадувачка најава, но, Марк Огден тврди дека шефот на стручниот штаб на Црвените ѓаволи, Жозе Мурињо очајно му е потребен лидер на теренот.

Вистинската големина на Ибрахимовиќ би можела да го спушти на најниско ниво притисокот врз Мурињо по влијанието кое Швеѓанецот би го имал во соблекувалната“ пишува тој за „ESPN FC“.

Истиот извор пишува дека Швеѓанецот би можел да потпише договор за краток период за да игра повторно во дресот на Манчестер јунајтед, по очајниот старт на новата сезона за Премиерлигашот.

Се наведува дека опција е Ибрахимовиќ да пристигне на Олд Трафорд како позајмен фудбалер од Л.А. Галакси, како краткотрајна опција за Премиерлигашот.

37 годишниот напаѓач неполни две години (2016-18) го носеше дресот на Манчестер јунајтед, токму годинава се пресели во Соединетите Американски Држави.