24фудбал

Мечот ПСЖ - Црвена звезда под истрага, функционер на српскиот шампион сакал да уплати 5 милиони евра?

Угледниот француски медиум пишува дека веќе е отворена истрага и дека сомневањата се сфатени мошне сериозно, дали има некакви сомнителни активности во поглед на мечот кој се одигра во Париз ќе покаже самата истрага.

Лига на Шампиони

Париз Сент Жермен ја оправда фаворитската улога во дуелот против белградска Црвена звезда во Лигата на шампионите, а српскиот шампион иако постигна еден гол, на крајот мораше да се помири со убедлив пораз од 6-1.

„ЛЕкип“ објави дека од Европската куќа на фудбалот – УЕФА ги известила француските надлежни органи дека е потребна истрага поради сомнителни активности пред самиот натпревар во Париз.

Се шпекулира дека еден од челниците на српскиот шампион се обидел да уплати 5 милиони евра на пораз на Црвена звезда од пет гола разлика.

Неколку денови пред самиот натпревар, УЕФА го известила француското обвинителство околу можни нелегални активности, а за сево ова запознаен бил и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и неговите блиски соработници.