24фудбал

Од ПСЖ и Црвена звезда со реакции по пишувањата на „Л’Екип“

Голем скандал ја потресе фудбалска Европа по информациите кои ги објави француски „Л'Eкип“ за нерегуларни активности пред мечот помеѓу ПСЖ и Црвена звезда, каде функционер од српскиот првак сакал да се обложи на висока сума.

Лига на Шампиони

Француски „ЛЕкип“ излезе со шокантни тврдења дека функционер на Црвена звезда сакал да уплати цели 5 милиони евра на облог од кого очекувал српскиот првак да загуби пет гола разлика на гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите, што и се случи (6-1).

Угледниот медиум во веста додаде дека УЕФА ги известила француските надлежни органи барајќи истрага поради сомнителни активности пред мечот во Париз, а со свои реакции по овие шпекулации се одзваа и обата клуба.

Црвена звезда со голема доза на неверување ги отфрла пишувањата на францускиот медиум „ЛЕкип“ поврзани за сомневањата во исходот од резултатот од мечот помеѓу Париз Сент Жермен – Црвена звезда, и вмешаност на било кого од ФК Црвена звезда во евентуални нечесни активности“ стои во соопштението на белградскиот клуб, од таму додаваат дека очекуваат истрагата да биде завршена во што е можно побрз рок за да се расчистат сите дилеми, а со реакции во јавноста се одзваа и од францускиот првак кои тврдат дека немало никакви други разговори со српскиот клуб освен оние кои биле поврзани за организацијата на мечот во Париз.

Со чудење и огорченост ја примаме оваа информација, ниту во еден момент, никој од членовите на клубот немал никакви разговори освен оние стандардни поврзани за организацијата на натпреварот, состаноци по тој повод, посети и разни протоколарни работи за натпреварот. Во оваа прилика, ПСЖ потсетува на својата посветеност за основните принципи на спортот, интегритетот на натпреварувањето и одбивање на било какви активности кои би можеле да го доведат во прашање тој интегритет“ велат од таму.