24фудбал

Марадона го нападна Меси како никогаш до сега: Не може да биде лидер, пред натпревар по 20 пати оди во тоалет!

Легендата на Аргентина, Диего Марадона го нападна Лео Меси како никогаш до сега, вели дека ѕвездата на Барса не може да биде лидер и ги повика сонародниците да престанат да го возвишуваат.

Јужна Америка

Лео Меси во дресот на Барселона се промовираше како еден од најдбрите на денешницата но и во историјата, но често е критикуван поради тоа што прикажува премалку кога игра за репрезентацијата на Аргентина. Диего Марадона сега се приклучи на дебатата и вели дека ѕвездата на Барса не е лидер.

„Меси е одличен играч, но не е лидер“ – вели легендата на „Гаучосите“ за „Ла ултима палабра Мексико“. „Тешко ми е да го кажам ова, но нема поента да правиме лидер од човек кој пред натпревар по 20 пати оди во тоалет. “

„Треба да престанеме да го возвишуваме и да го правиме Бог. Меси е еден кога игра за Барселона, и друг кога игра за Аргентина. Во репрезентацијата тој е само уште еден играч“.

„Пред да разговара со тренерот и играчите, си игра на Плејстејшн. Потоа на теренот сака и бара да биде лидер. Тоа не оди така. Тој е најдобар во светот заедно со Кристијано Роналдо“.

По разочарувачкиот настап на мундијалот во Русија, Лео Меси зеде одмор од репрезентацијата, па Диего Марадона беше запрашан дали во иднина „Гаучосите“ треба да сметаат на напаѓачот.

„Јас не би го повикал, но никогаш не велам никогаш. Најважно е да најдеме начин како да го тргнеме притисокот од него, тоа е потребно доколку сакаме да го видиме оној Меси кој сите сакаат да го видат“.