24фудбал

Од Босна прашуваат: Ако ова не е сомнително, тогаш што е? (ФОТО)

Убедливиот пораз сигурно ќе остави голема рана во нашата репрезентација, а македонскиот чувар на голот ќе треба брзо да го заборави своето очајно издание во периодот кој претстои.

Македонија

Македонија загуби убедливо со 4-0 на гостувањето во Ереван кај Ерменија во рамките на четвртото коло од Лигата на нации, но, ништо не остана запаметено од таа пресметка до тој степен по очајното издание на нашиот голман Столе Димитриевски кој „кумуваше“ во три погодоци на домаќинот.

Тешко е да се претпостави што точно се случи со македонскиот голман, а за неговото издание пренесоа повеќе медиуми од регионов, босански „Sportsport.ba дури и навести дека УЕФА ќе има полни раце работа, сомневајќи се за регуларноста на натпреварот.

Македонците во центарот на потенцијален огромен скандал: Ако ова не е сомнително, тогаш што е?прашуваат од таму во текстот потпишан од извесен Вукмировиќ, а во истата вест наведуваат дека самиот резултат од мечот во Ереван е помалку неверојатен, а кога ги проследиле снимките од мечот останале шокирани.


За изданието на Димитриевски ала Кариус не само што пренесоа медиумите од регионов, туку и угледниот „Sky Sports извести, пишувајќи дека „Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше ноќ за заборав во Ерменија откако беше виновен за три од четирите голови во неговата мрежа вопоразот од 4-0 во Лигата на нации“.