24фудбал

Анри откри кој тренер сака да го копира: Неговите идеи се чекор пред времето, сите ги знаеме иновациите кои ги донесе

Тјери Анри денеска беше промовира како нов предводник на Монако, Французинот вели дека ќе се обиде да промени дел од работите кои ги научил од Арсен Венгер како и иноваторот Пеп Гвардиола.

Франција

Легендата на Арсенал и Франција, Тјери Анри започнува нова авантура откако минатата недела беше потврден за наследник на Леонардо Жардим на кормилтоо на Монако.

Тој денеска беше промовиран како нов тренер на клубот од малото кнежевство и порача дека ова било логичен чекор и избор на неговото срце.

„Кога пристигна понудата не мислев многу, изборот беше логичен. Моето срце веднаш одбра. Знаете каква е мојата поврзаност со еден клуб од Лондон но тука започнав. Во моето срце секогаш има големо место за овој клуб. Па ми се остварува сонот што и тренерските почетоци ќе ги имам тука. Ме чека многу работа, но среќен сум што пристигнав“ – рече Тјери Анри на средбата со новинарите.

„Арсен Венгер ми разбистри многу работи во главата и ме натера да разберам што значи да се биде професионалец, што значи да се игра на највиско ниво и нема да го заборавам тоа. Сите добро знаат каков беше мојот однос со него, па се подразбира дека секогаш на ум ќе имам одредени работи кои тој ги правеше. Венгер постави високи стандарди, исто како и Гвардиола“.

„Одново научив како да играм фудбал кога работев под водство на Пеп во Барселона. Тој може да ви зборува со денови за фудбал, вие ќе заспиете но тој ќе продолжи да зборува“.

„Самите знаете какви иновации донесе во фудбалот, неговите идеи се чекор пред времето и јас имав прилика тоа да го видам одблизу".

„Исто така би сакал да бидам успешен и како Дешам и Зизу, двајцата ги ценам многу. Претходно кога ќе се сретневме разговаравме за фудбал, сега за тактики, што сакаш да направиш, што функционира а што не. Секој има сопствени идеи, сопствен начин на работа, но тие се инспирација, особено за нас Французите“.