24фудбал

Интер еднаш ја оплеска со Пирло, сега ќе се исправа и со 25 милиони тргна по „новиот Пирло“

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер ја предводи трката за тинејџерот на Бреша, Сандро Тонали, „Нероаѕурите“ понудиле 25 милиони евра за 18 годишниот фудбалер од средниот ред.

Италија

Младиот Сандро Тонали го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа со своите настапи во Серија Б и младите репрезентации на Италија.

18 годишното момче игра на позицијата „реџиста“ како што милуваат да кажат во Калчото односно последен играч за врска, а поради неговите движења и стилот на игра, потсетува на Андреа Пирло, кој исто така е продукт на школата на Бреша.

Според Спортмедиасет, Интер сака што поскоро да ја победи конкуренцијата па подготвува 25 милиони евра за прв да стигне до потписот на „новиот Пирло“.