24фудбал

Видал казнет со 800.000 евра, во диско со шише вотка удрил човек во глава

Медиумите од Германија пренесуваат дека Артуро Видал добил голема парична казна за предизвикување тепачка во диско во Минхен, Чилеанецот ќе треба 80 дена да плаќа по 10.000 евра.

Германија

Артуро Видал во отсуство денеска бил осуден од страна на судот во Минхен. Чилеанецот е обвинет дека направил тепачка во диско во Минхен во септември минатата година кога решил да ја прослави победата над Маинц заедно со својот брат и дедо (татко на сопругата) во клубот Краун.

Едно лице било сериозно повредено, односно удредно со шише вотка во глава со што се здобило со сериозни повреди.

Откако денеска биле сослушани сведоците и разгледани видео снимките, судот го казнил Артуро Видал со 800.000 евра, односно фудбалерот на Барселона во следните 80 дена ќе треба да плаќа дневно по 10.000 евра. Неговиот брат е казнет со 18.000 евра (150 евра дневно во следните 120 дена). Неговиот дедо доби казна од 36.000 на претходното сослушување во август.

Популарниот „Кинг Артуро“ и неговиот брат имаат рок од две недели да се жалат по што казната станува извршна. Доколку не ја платат глобата, се говори дека ќе биде распишан налог за нивно апсење.