24фудбал

Првиот човек на Барса ги прашал Меси, Суарез и компанија: Сакате ли да го видите Нејмар назад?

Медиумите од Каталонија со нови шпекулации за можно враќање на Нејмар на Камп Ноу, наводно претседателот Жозеп Мариа Бартомеу ги прашал „тешкашите“ во соблекувалната што мислат за можноста Бразилецот повторно да го облече дресот.

Шпанија

Денеска Мундо Депортиво го стави Нејмар на својата насловна страна, пренесе дека напаѓачот на директори, функционери и играчи од Барса им кажал дека сака да се врати. Весникот исто така објасни дека еден ваков трансфер е комплициран но не и невозможен.

Вечерва на оваа тема се огласи уште еден медиум, во емисијата „Ту Дирас“ на радио станицата РАК 1 била коментирана сторијата на МД и додаден еден важен детаљ.

Претседалот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу се консултирал со „тешкашите“ во соблекувалната и ги прашал Меси, Суарез и компанија какво е расположението за потенцијално враќање на Бразилецот на Камп Ноу.