24фудбал

Беше на излезна врата од Олд Трафорд, но се избори за нов договор вреден 50 милиони фунти!

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо ја освои довербата на Жозе Мурињо и наскоро ќе потпише нов договор со клубот иако минатата сезона се чинеше дека ќе замине.

Англија

Мурињо дал зелено светло за продолжување на договорот со Лук Шо. Тој ќе потпише петгодишен договор вреден 50 милиони фунти. Неделната плата ќе му изнесува 190.000 фунти.

Шо се мачеше со повреди, па беше во немилост на Мурињо кој минатата сезона и јавно го критикуваше. Но бекот со одличните игри ја искористи шансата, имперсионираше и во Манчестер јунајтед и во англиската репрезентација и добива нов, богат договор.

Во наредните денови се очекува Лук Шо и официјално да го потпише новиот договор со Манчестер јунајтед.