24фудбал

Ромањоли во пресрет на големото дерби: Дајте му пола шанса на Игуаин, тој ќе даде гол!

Алесио Ромањоли во големото дерби на Милано за прв пат ќе излезе како капитен, тој верува дека Гонзало Игуаин може да го реши мечот и од половина шанса.

Италија

Во недела во вечерниот термин на Серија А се игра големото градско дерби меѓу Интер и Милан. Ромањоли за прв пат како капитен ќе го игра овој значаен дуел.

„Природно е дека како капитен чувствувате поголема одговорност, но покрај дополнителниот притисок, тоа ми дава поголема мотивација и го прави уште пофасцинантен предизвикот“, вели Ромањоли.

„Ние сме свесни дека овој натпревар може да ни даде екстра поттик за понатаму бидејќи освен што е дерби, Интер исто така е наш директен ривал за место во Европа“.

„Ова е дерби во кое има многу значајни елементи како традиција, стадион, навивачи... Сум добил некои дерби, други сум изгубил, трети завршиле нерешено, но тоа е фудбалот. Се надевам дека сега ќе победиме“.

„Треба да го играме нашиот стил, кога ќе ни се укаже шанса да реализираме и да го лимитираме нивниот напад. Најважно е да останеме фокусирани 95 минути“.

Дербито ќе биде и битка меѓу аргентинските напаѓачи, Мауро Икарди против Гонзало Игуаин.

„Добрата работа за Игуаин е тоа што ако му дадете половина шанса тој ќе даде гол. Големите шампиони го прават тоа, тој е голем шампион кој долго треба да ни користи“.