24фудбал

Ни помалку ни повеќе, Јувентус сака бек од Реал Мадрид или Барселона!

Јувентус се уште не го обновиле договорот со Алекс Сандро, информациите од Италија велат дека тие бараат замена и тоа во шпанските гиганти.

Италија

Јувентус сака во своите редови да донесе некој од Жорди Алба или Марсело.

Алекс Сандро се поврзуваше со Челси во 2017, а минатото лето со Манчестер јунајтед, но се уште е во Јувентус. И покрај тоа што постојано се во преговори, двете страни се уште не постигнале согласност за нов договор.

Според „Тутоспорт“ преговорите се во застој веќе некое време, па Јувентус разгледува алтернативи.

Прва желба е Марсело од Реал Мадрид кој сака повторно да игра со Кристијано Роналдо.

Втора варијанта е Жорди Алба од Барселона кој се уште го нема обновено договорот кој му истекува во 2020 година.