24фудбал

Тотнем го сака Елмас уште во јануари!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е мета на повеќе европски гиганти, последен кој пројавува интерес е Тотнем.

Македонија

Според турските медиуми, во моментов во трка за потписот на Елмас се Тотнем, Манчестер сити и Севилја, но Фенербахче нема лесно да се откаже од македонскиот фудбалер.

Фенербахче не сака да го продаде Елмас, барем не во јануари, но се верува дека голема понуда може да ги предомисли.

Тотнем е клубот кој сака да го ангажира Елмас во јануари, тој треба да дојде како замена за Муса Дембеле.

Елмас под водство на Коку има првотимски статус иако има само 19 години. Се верува дека ова е негова последна сезона во Фенербахче, а потоа ќе се пресели во клуб од најквалитетните првенства, можеби тоа ќе се случи уште во јануари.