24фудбал

Буфон има свој фаворит за Златната топка, а тоа не е Роналдо

Легендарниот италијански голман има свој фаворит за престижната награда, а тоа не е големата ѕвезда која во летниот преоден рок потпиша за неговиот поранешен клуб Јувентус.

Франција

Џалнлуиџи Буфон верува дека неговиот соиграч од редовите на Париз Сент Жермен, Килијан Мбапе ја заслужува престижната награда која ја доделува Франс фудбал, наведувајќи дека младата ѕвезда е вистински феномен.

Мбапе е феномен, доколку и натаму чекори на овој начин посакувајќи да е најдобар во светот, доколку и натаму се однесува вака нормално со голем ентузијазам во себе, тогаш може да стане најдобар и да биде на едно такво ниво долг период“ тврди Буфон.

Поради неговите квалитети, поради сето тоа што тој го прави на теренот и колку голема улога играше на Светското првенство, тој ја заслужува Златната топка“ додаде легендарниот италијански голман.

19 годишниот Мбапе и помогна на Франција да стигне до титулата на Мундијалот кој изминатото лето се одржа во Русија, за неговите квалитети Буфон вели дека тој во Италија се споредува со Баџо, Тоти, Дел Пјеро, но талентот на Французинот е таков каков што досега тој не видел во неговата кариера, додава Италијанецот.