24фудбал

Игуаин: Одлуката да си заминам од Јувентус не беше моја, ме избркаа

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин вели дека бил третиран одлично во Јувентус, се’ додека клубот го присилил да си замине за да направи простор за големата ѕвезда.

Италија

Игуаин се пресели во Милан на позајмица во август откако мина две сезони во дресот на Јувентус, каде освои две титули во Серија А, исто толку и во Копа Италија, постигна 55 погодоци на 105 натпревари во сите конкуренции.

За неговото заминување од Торино, тој во интервју за Газета дело Спорт тврди дека одлуката не била негова, додава дека клубот го третирал одлично, но, седо еден момент, кога трансферот на Роналдо стана реалност.

Одлуката да си заминам не беше моја, дадов сеод себе во дресот на тој клуб, освоив неколку титули, а клубот сакаше да се искачи ниво погоре во однос на квалитетот, ми рекоа дека не би можел да останам и посакуваат да најдат решение за тоа, најдоброто беше Милан“ вели Игуаин.

Ме третираа добро, соработниците и фановите ми даваа голема поддршка, но, јас не побарав да си заминам, генерално, сите го велат истото, тие ме избркаа едноставно“ додаде Аргентинецот.