24фудбал

Баерн Минхен закажа неочекувана прес конференција, големо тренерско име доаѓа на местото од Ковач!?

Баерн Минхен за во 12 часот денеска закажа неочекувана прес конференција, се верува дека е поради отказ на Нико Ковач и назначување на нов тренер.

Германија

Претседателот на Баерн, Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ ќе се појават на прес конференцијата закажана за 12 часот.

Тие тројца вообичаено не се појавуваат заедно на прес конференција, па се верува дека се работи за иднината на Нико Ковач.

Според некои медиуми, Нико Ковач ќе добие отказ поради лошиот старт на сезоната и лошата атмосфера во соблекувалната, а на негово место ќе биде назначен Арсен Венгер.

Повеќе медиумите најавија дека Арсен Венгер ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, нејасно е само дали тој денеска ќе биде назначен или во наредните денови.

Ковач во јули беше назначен за нов тренер, но во саботниот дуел против Волфсбург, германскиот шампион ќе влезе со четири натпревари по ред без победа.

Во 11 натпревари под водство на Ковач, Баерн Минхен победи на седум, два пати одигра нерешено и два пати загуби вклучувајќи го и поразот на домашен терен од Борусија Менхенгладбах со 3-0.