24фудбал

Ковач имаше интересна прес конференција и на одење им порача на новинарите: Уживајте во вториот дел!

Нико Ковач во 11 часот се појави на средба со медиумите, стратегот имаше интересна прес конференција но сега сите очекуваат што ќе кажат лидерите на клубот кои треба да излезат во 12 часот.

Германија

„Баварците“ неочекувано закажаа прес во 12 часот на кој треба да се појават претседателот Ули Хенес, генералниот извршен директор Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Слихамиџиќ.

Многумина сметаат дека тие ќе соопштат дека тренерот Нико Коваќ е разрешен по серијата слаби резултати.

Самиот Нико Ковач се сретнa со медиумите во 11 часот и порача дека не знае за што ќе зборуваат лидерите на клубот.

„По 12 часот сигурно ќе биде интересно, можам само да претпоставам дека сите сме изненадени. Едни ова го интерпретираат на еден начин, други на сосема друг начин. Исто како во школо, кога не знаете нешто и само претпоставувате, некогаш ќе погодите, некогаш нема“ – вели Хрватот.

Тој потоа се бранеше од нападите на медиумите, кои изминативе денови имаа голем број на стории за бунт во соблекувалната. Најгласен бил Хамес Родригез, кој дури му порачал „Ова не е Франкфурт“.

„Никогаш не сум го слушнал да каже нешто вакво, па нема да ја коментирам оваа сторија. Ако некој сака да ми каже нешто, мојата врата е отворена и слободно може да дојде“.

За вестите дека голем дел од играчите работат приватно со тренер бидејќи не се задоволни од тоа што Ковач им го задава како задачи, тренерот вели: „Мислам дека не е добро тоа што играчите тренираат екстра во нивното слободно време, бидеjќи луѓето под чие водство тренираат не знаат што сме тренирале претходно ниту пак што ќе тренираме во иднина. Па сметам дека е ова е контрапродуктивно“.

Тој исто така им покажа статистика на новинарите според која Баерн креирал ист број на шанси на натпреварите на кои победувал на почетокот од сезоната и на натпреварите на кои загуби во последниов период.

Хрватот исто така на заминување од салата им дошепна на новинарите: „Уживајте во вториот дел“.