24фудбал

Реал Мадрид во четвртото коло од Купот на Шпанија ќе гостува во Африка (ФОТО)

„Кралевите“ ќе мора да скокнат преку Алборанското море за дуелот од шеснаесетфиналето во Копа дел Реј откако ждрепката ги спои со третолигашот Мелиља.

Шпанија

Реал Мадрид ќе гостува во Африка во рамките на Купот на Шпанија, во четвртото коло „Кралевите“ го добија Мелиља.

Третолигашот го носи името на автономен град и шпанска ексклава на средноземниот брег на Северна Африка. 

Па шампионот на Европа на крајот од месецов (31. октомври) ќе треба да скокне преку Алборанското море за дуелот од шеснаесетфиналето во Копа дел Реј.