24фудбал

Сари во пресрет на дуелот со Мурињо даде изјава за Манчестер јунајтед која ги зачуди многумина

Италијанскиот фудбалски стратег на пресконференцијата пред големото дерби во Лондон даде оценка за моќта на Манчестер јунајтед, неговата оценка за момент ги зачуди многумина, а тој се осврна и на Жозе Мурињо, за кого истакна дека е еден од најдобрите тренери во светот.

Англија

Челси – Манчестер јунајтед, тоа е дерби дуелот во рамките на деветтото коло од англиската Премиерлига, пресметката ќе се одигра утре со почеток од 13,30 часот, а шефот на стручниот штаб на тимот од Лондон, Маурицио Сари го опиша неговиот противник како најдобриот во лигата, играч до играч’, базирано на индивидуалните способности.

Мислам дека тие се многу силна екипа, можеби играч до играч, тие се најдобрата екипа во лигата, во овој момент Сити е многу повеќе од екипа, но, играч до играч, јунајтед е навистина многу, многу силен“ рече Италијанецот.

Ние говориме само за осум натпревари, имаат одлични настапи во Лигата на шампионите, а со самото тоа можат да се подобруваат во Премиерлигата, говориме само за два месеци“ додаде стратегот од клупата на Челси.

Во однос на неговиот ривал од клупата на противничката екипа, Сари додаде дека е голем тренер, еден од најдобрите во светот на фудбалот, а се осврна и на ривалството кое неговиот претходник Конте го имаше со Мурињо, велејќи дека не знае за тој проблем, сосема нормално било да има нервоза и тензија, но Конте го почитувал Португалецот, барем според неговото мислење.