24фудбал

Де Брујне ќе добие минутажа против Барнли? Пеп го коментираше статусот на Белгиецот

Кевин Де Брујне е целосно опоравен од повредата која го оддалечи од фудбалските терени подолг период, според зборовите на каталонскиот тренер, Белгиецот не чувствувал болка во изминатите две седмици, а го пофали на нивото на кое тренирал.

Англија

Бранителот на трофејот во Премиерлигата, тимот на Манчестер Сити утре на домашен терен ќе го пречека Барнли во рамките на деветтото коло, а по подолга пауза на терените се враќа Кевин Де Брујне.

Белгиецот се здоби со повреда за време на тренинг во првите денови по стартот на новата сезона, од тогаш па наваму беше вон комбинација за настап, но, според зборовите на шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, извесно е дека ќе добие минутажа на утрешната пресметка.

Не знам дали е во можност да игра 90 минути, но, тој тренираше мошне добро изминатите две седмици и не чувствува болка, со самото тоа, тој е подготвен да се најде во тимот повторно“ рече Гвардиола.