24фудбал

Премиерлигаш е во „пол позиција“ за Ченгиз Ундер

Турскиот репрезентативец би можел уште во јануарскиот преоден рок да се пресели во Премиерлигата, за него интерес има и од Баерн Минхен, а веќе се шпекулира и за сумата која би ја задоволила Рома.

Англија

Арсенал се наоѓа во „пол позиција“ за услугите на Ченгиз Ундер, а Топчиите би можеле да дојдат до потписот на талентираниот Турчин уште во јануари, како конкуренција го имаат Баерн Минхен во трката за фудбалерот на Рома.

Во Италија пренесуваат дека Рома би се задоволила со обештетување од околу 60 милиони евра, а Калчомеркато извести дека Арсенал веќе имал испратено понуда до Рома, но истата, вредна само 30 милиони евра била категорично одбиена од Калчолигашот.

Од друга страна пак, Баерн Минхен размислува да испрати понуда вредна 50 милиони евра, а ситуацијата од близу ја следи и Тотенхем, екипа која исто така се споменува како заинтересирана за услугите на 21 годишниот офанзивец.