24фудбал

Легенда на Манчестер јунајтед му порача на Лукаку: Покажа непочитување кон клубот!

На Белгиецот, кој не игра во посакуваната форма, му „недостасуваа“ уште критики на негова адреса по коментарите за темата „Јувентус, во иднина“, легендата на клубот вели дека со тоа покажал непочитување кон Премиерлигашот.

Англија

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Пелистер го обвини Ромелу Лукаку за непочитување на клубот со неговите коментари дека би можел да се приклучи на Јувентус.

Лукаку подвлече дека Јувентус е помеѓу 2-3 тима кои се најдобри во Европа и дека би сакал еден ден да игра во Серија А, коментари кои воопшто не му се допаднаа на Пелистер кој зад своето име има над 300 настапи во дресот на Манчестер јунајтед.

Мислам дека тоа е непочитување, ова се случува во момент кога почнувате да посочувате други клубови кога вие сте под договор за еден клуб“ посочи легендарниот Англичанец.

Доколку тоа не ви паѓа на памет тогаш јас немам никаков проблем со тоа, но, кога сето тоа ќе го изјавите во јавноста, тогаш тоа е веќе проблем“ додава Пелистер.