24фудбал

Ливерпул и Челси на нозе откако Реал Мадрид ја определи цената за Асенсио

Париз Сент Жермен и Манчестер јунајтед се споменуваат како екипи кои исто така пријавуваат интерес за младиот и талентиран Шпанец, но, шпекулациите велат дека најзагреани за неговите услуги се токму Ливерпул и Челси.

Англија

Премиерлигашите станаа на нозе по најновите шпекулации кои донесоа информација дека офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да биде продаден во јануарскиот преоден рок, и тоа за 100 милиони фунти.

Ливерпул, Челси и Манчестер јунајтед се екипите од најсилното фудбалско друштво на Островот кои имаат интерес за потписот на 22 годишниот Шпанец кој новата сезона не ја почна на посакуваното ниво.

Според пишувањата на Марка, шефот на стручниот штаб на Кралевите, Хулен Лопетеги е веќе подготвен да ги разгледа евентуалните опции кои клубот ги има за да го продаде.

Формата на Асенсио во моментов не е за пофалба, иако се очекуваше да добие поголем простор за игра во дресот на гигантот по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус изминатото лето, постигнувајќи само еден гол во неговите 11 настапи во новата сезона.

Не се само претходно наведените екипи, интерес за Шпанецот има и од страна на ПСЖ, а неколку седмици претходно, Асенсио ја уверуваше јавноста дека не сака да си замине од Мадрид, објаснувајќи како има голема желба да се развива во клубот.