24фудбал

Дрогба погоди со бомба од речиси 40 метри (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Челси се уште умее со фудбалската топка, а слободните удари за него се уште се голема специјалност, така беше и доцна синоќа откако постигна преубав гол од далечина.

Останато

Дидие Дрогба постигна фантастичен гол од слободен удар за да го предводи Феникс Рајсинг во првата победа во клупската историја во плејоф рунда.

Феникс го совлада Портланд со 3-0 доцна синоќа, а фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска го отвори мечот на резултатски план во 28. минута, обезбедувајќи почетна предност за својот тим во првото полувреме, постигнувајќи гол од близу 40 метри, на голема радост на домашната публика.