24фудбал

Мурињо: Би сакал да го имам Азар во Манчестер јунајтед, но...

Жозе Мурињо има само пофалби за Еден Азар, вели дека кога тој е најдобар играч во Премиерлигата, Челси е шампион.

Англија

Денеска со почеток од 13:30 Челси го пречекува Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо се враќа на Стемфорд Бриџ. Португалецот има многу пофалби за Азар кој ќе биде најголемата опасност за неговиот тим.

„Имаме добар однос, заедно бевме шампиони, па мислам дека чувствата се добри“, вели Мурињо.

„Историјата вели дека кога Азар е најдобар фудбалер во Премиерлигата, Челси е шампион“.

„Тоа ми се случи мене, и се случи со Антонио Конте. Сезоната се уште е на почеток се разбира, но ако тој е најдобриот фудбалер во Премиерлигата досега, што мислам дека е, Челси е на врвот во лигата бидејќи тој е тип на играч кој прави голема разлика“.

„Би сакал да го имам во Манчестер јунајтед но не мислам дека Челси ќе го продаде на Манчестер јунајтед“.

„Челси го водат интелегентни и искусни луѓе во фудбалот и мислам дека тие никогаш не би го продале Еден на Манчестер јунајтед“.