24фудбал

Барди од првата минута против Реал Мадрид

Македонскиот репрезентативец се најде во почетниот состав на шефот на стручниот штаб на Леванте, Пако Лопез, неговиот опонент од спротивната страна, Хулен Лопетеги е под голем притисок поради лошите резултати, а дали токму Македонецот додатно ќе му го заниша столчето, останува да видиме.

Македонија

Леванте на нашиот Енис Барди денеска со почеток од 13 часот гостува на Сантијаго Бернабеу кај гигантот Реал Мадрид, мечот се игра во рамките на деветтата рунда натпревари од шпанската Примера.

Веќе се познати и почетните состави на обете екипи, па од тоа што можеме да го забележиме, нашиот репрезентативец од првата минута ќе се судри со големиот Реал Мадрид, за него ова ќе биде осми настап во новата сезона во која има постигнато и еден гол досега.

На спротивната страна, домаќинот ќе настапи во следниот состав: Куртоа, Рамос, Марсело, Варан, Одриозола, Модриќ, Кашемиро, Иско, Вазкес, Асенсио и Диаз.