24фудбал

Сари како прав џентлмен го донел својот помошник пред Мурињо за да му се извини! (ВИДЕО)

Маурицио Сари покажа дека е голем фудбалски џентлмен, Италијанецот го донел својот помошник пред Жозе Мурињо за да му се извини за инцидентот од последните мигови на дербито на Стемфорд Бриџ.

Англија

Челси и Манчестер јунајтед одиграа возбудливо реми. Домаќините поведоа со голот на Ридигер во првиот дел, а потоа во продолжението од мечот гостите преку Марсијал направија комплетен пресврт и стигнаа до позитива од 1-2.

Сепак, „Сините“ во 96. минута се изборија за реми, што предизвика големо славје кај домаќините. Еден од помошниците на Сари малку претера, прослави пред Жозе Мурињо и замавна со раката во воздух.

На „Специјалниот“ не му се допадна ова, па веднаш тргна физички да се пресмета со противникот. За среќа брзо реагираше обезбедувањето и се се заврши со мала мешаница.

Инцидентот набрзо е заборавен откако Маурицио Сари го донел својот помошник пред Жузе Мурињо за да се извини за своето однесување.

„Искрено не видов што се случи, но веднаш разговарав со Мурињо а потоа и со членот од мојот тренерски персонал. Се сложивме дека тој треба да се види со Мурињо и да се извини. Мислам дека ова е завршена приказна. Направивме грешка, ние бевме виновната страна“ - вели Италијанецот.

Мурињо пак истакна: „Имаше провокација од страна на еден од асистентите на Сари и Сари веднаш ми пријде и ми кажа дека веднаш ќе го реши проблемот. Потоа помошникот дојде во канцеларијата на Сари и ми се извини. Му кажав дека чим жали за однесувањето и се извинува, тогаш го прифаќам извинувањето и заборавам што направил бидеќи и јас имам направено многу грешки во кариерата“.