24фудбал

Македонија У17 доживеа несреќен пораз од Шпанија

Македонската репрезентација до 17 години доживеа несреќен пораз од Шпанија во првиот меч од претквалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза на УЕФА кој се игра во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија

Македонските момчиња беа на чекор до реми со големиот фаворит кој до победа дојде во последните моменти од натпреварот.

И двете селекции имаа свои шанси, Македонија не постигна гол предку Владан Новевски, па натпреварот во 95. минута го реши Салазар Париз кој беше стрелец на единствениот гол на мечот.

Претходно, во првиот дел од нашата група Израел со 6-0 победа против Фарските Острови.

Во второто коло за три дена, Македонија со почеток од 15:15 часот игра со Израел, додека Шпанија се среќава со аутсајдерот Фарски Острови.

МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Ѓурковски, Асани, Тодоровски (76′ Андоновски), Николов, Стојменов, Аврамовски (76′ Фета), Илиевски, Новевски, Максимов, Костески (90′ Петејчук); Селектор: Марио Вујовиќ