24фудбал

Одбраната на Јуве заспа, Џенова прва и откина бодови на „Старата Дама“ (ВИДЕО)

Серијата победи на Јувентус заврши, Џенова е првиот тим кој се испречи на патот на „Бјанконерите“, вечерва тимот на нашиот Горан Пандев се избори за реми на „Алианц“ во Торино.

Италија

Избраниците на Макс Алегри од почетокот на сезоната имаат серија од 10 победи, и многумина очекуваа вечерва тие да забележат нов триумф.

Роналдо во 18. минута донесе водство од 1-0. По една неспретна интервенција на одбраната на Џенова, ЦР7 начека еден отпадок и го смести во мрежата за 1-0.

Сепак, одбраната на Јувентус возврати во иста мера во 67. минута. Сите застанаа кога се чинеше дека топката ќе заврши во корнер, но топката се одби на линијата, Куаме регираше брзо, нафрли во петерецот каде Беса осамен го совлада Шчезни за 1-1.