24фудбал

Салах му донесе победа на Ливерпул на гостувањето кај Хадерсфилд (ВИДЕО)

По четири натпревари без победа, Ливерпул се радува на триумф откако го совлада Хадерсфилд на негов терен со минимални 1-0.

Англија

Важни три бода за Ливерпул кој се враќа на победничките патеки, Мохамед Салах беше херојот на црвените.

Клучниот момент се случи во 24. минута кога по асистенција од Шакири, Салах реализираше за водство на Ливерпул од 1-0, тоа беше и единствениот гол на натпреварот.

Во финишот од натпреварот Хадерсфилд имаше фантастична можност за да го изедначи резултатот, но Сив Муни од идеална позиција биеше над голот.