24фудбал

Паника во Барса, Меси се повреди пред „Ел Класико“ (ФОТО и ВИДЕО)

Дуелот на Барселона против Севиља започна одлично за „Каталонците“ за кратко време поведоа со 2-0 но потоа следуваше голем пех откако Лео Меси незгодно падна на десната рака.

Шпанија

Стучниот штаб на Барселона ќе биде во исчекување во следните часови, Лео Меси се повреди на една недела пред „Ел Класико“ и дуелот со лутиот ривал Реал Мадрид.

Аргентинецот одлично го започна вечерашниот меч со Севиља, асистираше за водечкиот гол на Кутињо а потао и самиот се запиша во листата на стрелците.

Но само неколку минути подоцна тој незгодно падна на десната рака. Најпрво му се укажуваше помош на теренот а потоа и покрај аут линијата, но лекарскиот тим не можеше ништо да стори и напаѓачот со болна гримаса на лицето замина во соблекувална.

Па сега сите во Барселона нестрпливо ќе ги чекаат резултатите од деталните тестови.