24фудбал

Барса ја доби Севиља но го загуби Лео Меси (ВИДЕО)

„Каталонците“ се вратија на врвот на табелата откако го добија дербито со Севиља но го загубија првиот играч Лео Меси кој предвреме го напушти теренот поради повреда.

Шпанија

По серијата лоши резултати, Барса им се врати на победите но „Каталонците“ доживеаја пех откако го загубија Лео Меси.

Вечерва на Камп Ноу гостуваше Севиља и домаќините одлично го отворија мечот. Со голот на Кутињо во 2. минута поведоа со 1-0, а десет минути подоцна Меси погоди за 2-0.

Сепак Аргентинецот потоа незогдно падна на раката и мораше да биде заменет. Оваа повреда како да ги исфрли двата тима од ритам па за нов гол се чекаше дури до 63. минута кога Суарез од пенал зголеми на 3-0.

Сарабија во 79. минута намали на 3-1, но Барса не дозволи противникот да се врати во игра и Ракитиќ во 88. минута ги осигура трите бода. До крајот на мечот, Муриел само ги постави конечните 4-2.

Претходно, Виљареал и Атлетико Мадрид одиграа 1-1, а со овој резултат заврши и пресметката помеѓу Валенсија и Леганес.