24фудбал

Шкендија го победи Вардар во меч со контроверзен погодок

Шкендија со 2-0 славеше против Вардар во Скопје, тетовскиот тим поведе со сомнителен погодок кој предизвика големи реакции.

Македонија

Шкендија ги освои трите бода од гостувањето кај Вардар и ја намали негативата која ја имаше во однос на скопскиот тим на -4 бода.

Во судиското продолжение од првото полувреме се случи контроверзен момент, Емини биеше, судиите одлучија дека топката ја минала гол линијата и покаа кон центарот.

Следуваше реакција на фудбалерите и стручниот штаб на Вардар кој беа убедени дека Шкендија не постигнала гол, но судиите иако немаа најдобар видик досудија погодок.

Вардар се обидуваше во второто полувреме да дојде до изедначување, но Шкендија со погодок на Бесарт Ибраими во 89. минута ги реши сите дилеми околу победникот.

Македонија Ѓорче Петров со гол на Кировски во 55. минута славеше со минимални 1-0 над Академија Пандев.

Работнички со 2-0 ја совлада Ренова во Тетово, головите ги постигнаа Стјепановиќ од пенал во 26. минута и Стевиќ во судиското продолжение од мечот.

Беласица со 2-1 ја совлада Победа, а Шкупи со 2-0 славеше над Силекс.

По десет одиграни кола Вардар е прв со 23 бода, Шкендија останува втора но сега има 19, Академија Пандев е на третото место со 16 бодови, следуваат Работнички 14, Македонија Ѓорче Петров и Беласица по 13, Ренова и Победа имаат по 11, Шкупи 9 и последен е Силекс со 7 бода.