24фудбал

Икарди: Заслуживме гол и порано, но вака во 92. минута е послатко!

Херојот на Интер, Мауро Икарди вели дека заслужиле порано да постигна гол против Милан, но додава дека победата е послатка откако дошла во последните мигови од мечот

Италија

Интер славеше на градското дерби со Милан во драматичен финиш. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши 0-0, Донарума киксираше а Икарди знаеше како да го казни тоа и донесе три бода.

„Креиравме доста шанси, имавме поништен гол а ја погодивме и пречката па мислам дека сосма заслужено победивме. Веројатно заслуживме порано да дадеме гол но вака во 92. минута е послатко“ – вели херојот на „Нероаѕурите“, Мауро Икарди.

„Пред да заминам со репрезентацијаа кажав дека морамe да победиме, дека мора да го сториме тоа за овие прекрасни фанови но и за самите нас бидејќи мораме да изградиме победнички менталитет“.