24фудбал

Нов гол на Несторовски, Палермо освои три бода на гостувањето кај Лече! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец повторно е стрелец за Палермо, Несто го постигна четвртиот гол оваа сезона, а неговиот тим со 2-1 победи на гостувањето кај Лече.

Италија

Несторовски со гол од далечина му донесе водство на Палермо од 1-0 во 29. минута од натпреварот.

Лече израмни пред крајот на полувремето, но Пушкаш на пет минути до крајот донесе победа на Палермо.

Несторовски ги одигра сите 90 минути, а Трајковски во игра влезе од 71. минута.

Палермо е на третата позиција со 14 бода колку што има и Верона на втората, но тимот на нашите репрезентативци има меч помалку. Лидер е Пескара со 18 бода.