24фудбал

Маркињос: Им посакувам среќа на Барселона и Реал Мадрид за Нејмар

Бразилскиот дефанзивец по убедливата победа на францускиот првак викендов ги коментираше шпекулациите кои неговиот сонародник подолг период го поврзуваат со двата шпански гиганти.

Франција

Париз Сент Жермен викендов славеше убедлива победа од 5-0 над Амиен со тоа што стигна до десеттата победа во најсилниот француски фудбалски шампионат.

Дефанзивецот на францускиот првак, Маркињос на шега ги коментираше шпекулациите кои неговиот сонародник Нејмар го поврзуваа со трансфер во Барселона и Реал Мадрид.

Им посакувам среќа на Барселона и Реал Мадрид во нивните обиди да го договорат Нејмар, луѓето добро знаат каков е нашиот претседател, како се однесува со неговите луѓе и колку тој ги сака нашите важни фудбалери“ рече Бразилецот.