24фудбал

Херојот на Џенова кој го сопре Јуве, имаше посебна посвета за погодокот!

Даниел Беса е во центарот на вниманието откако го постигна изедначувачкиот гол за Џенова против Јувентус, тој има посебна посвета за погодокот.

Италија

Џенова одигра 1-1 на гостувањето кај Јувентус во Торино, а херој беше играчот од средниот ред Даниел Беса.

„Бодот го освои целиот наш тим, се сретнавме со најсилниот италијански тим, во последните години е многу тешко да се земат бодови од Торино. Но ние го направивме тоа и се надевам дека ќе продолжиме вака и понатаму“, вели Беса кој потоа објасни повеќе за погодокот и го посвети на неговата мајка која го победила ракот.

„Тргнав голот да го прославам со еден од нашите соработници, бидејќи не сакам да славам само со соиграчите туку со целиот клуб. Но вистинската посвета оди кон мојата мајка, во петокот беше меѓународен ден на борбата против ракот на дојка. А таа го победи пред шест години! Беше на натпреварот против Јувентус и голот и припаѓа на неа“, изјави Беса.

Иако е висок само 173 сантимети, успеа да даде гол со глава.

„Воопшто не ми е јасно како успеав со глава да ја удрам топката покрај сите тие високи луѓе. Во еуфорија сум, пробав и успеав“.

Пофалби стигнаа и од тренерот Јуриќ кој тврди дека Беса не е ни свесен колку е добар.

„Инсиситирав и го форсирав многу на првите тренинзи бидејќи има толку многу квалитети и верувам дека ни самиот Беса не е свесен колку е добар“.