24фудбал

Рамос се огласи по инцидентот на денешниот тренинг (ФОТО)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос признава дека реагирал на несоодветен начин на денешниот тренинг и му се извини на младинецот Серхио Регвион за своите постапки.

Шпанија

„Кралевите“ поминуваат низ голема криза, изминатиов викенд испишаа негативен рекорд и за прв пат во својата иднина дури 481 минута немаа постигнато гол. Капак на се, Леванте приреди изненадување, славеше со 1-2 на гостувањето на „Бернабеу“ и си замине со три бода.

Тренерското столче на Лопетеги се ниша, стратегот во секој момент може да добие отказ а дека атмосферата не е на најдобро ниво покажа и денешниот тренинг на кој капитенот Серхио Рамос шутна топка во еден од младинците.

Дефанзивецот сепак за кратко време сфати дека погрешил и се извини на социјалните мрежи за инцидентот што побрзо да се заборави.

„Иако можеби не изгледа така, ваквите ситуации често се случуваат на тренинзите, но не барам изговори, знам дека не требаше да реагирам на таков начин. Секогаш го даваме максимумот, така Реги? На крајот тимот победува заедно!

Потоа се огласи и самиот Серхио Регвион, кој порача: „Секогаш со мојата екипа и мојот капитен, утре одиме на победа!“