24фудбал

ФА покрена постапка против асистентот на Сари, Мурињо има свој став околу можна казна за Јани

ФА покрена постапка против асистентот на Маурицио Сари, Марко Јани кој со провокација кон Жозе Мурињо го прослави голот на Баркли со кој Челси го изедначи резултатот против Манчестер јунајтед во 96. минута.

Англија

Јани веројатно ќе добие казна од ФА за недоличното однесување кога Челси изедначи против Манчестер јунајтед. Тој голот го прослави пред Жозе Мурињо по што настана инцидент.

Некои дури сметаа дека Челси треба да го отпушти, но клубот засега му дал само вербален укор. Жозе Муриењо смета деја Јани не треба да добие поголема казна од тоа.

„Мислам дека не заслужува повеќе од тоа што го доби. Тој ми се извини, и јас го прифатив извинувањето. Мислам дека заслужува втора шанса. Не мислам дека треба да биде отпуштен. Мислам дека не заслужува ништо повеќе отколку фактот што клубот беше строг кон него“, вели Мурињо.