24фудбал

Озил: Одигравме секси фудбал

Тимот на Унаи Емери одигра прекрасен фудбал против Лестер, домашната публика се радуваше на победа, но, пред се’ на еден спектакуларен фудбал, допадлив за око, кој на крајот ја стави во немоќ гостинската екипа.

Англија

Арсенал е неверојатен, Топчиите вечерва стигнаа до десеттата победа во низа во сите конкуренции, иако лошо го почнаа мечот на домашен терен против Лестер, откако Бељерин постигна автогол, во продолжението истиот играч реализираше две асистенции во победата од 3-1, а стрелци беа Озил, и Обамејанг кој на два пати ја тресеше противничката мрежа од голот.

Озил освен што постигна гол, асистираше и во погодокот на Обамејанг за поставување на конечниот исход, тој играше седо 80. минута кога беше заменет со Ремси, а фантастичната игра на Арсенал ја опиша како „секси фудбал“.

Мислам дека одигравме секси фудбал вечерва, се гордеам со тоа што сум капитен на оваа екипа и овој клуб“ напиша фудбалерот од средниот ред на Топчиите на социјалните мрежи.