24фудбал

Солскјаер за Роналдо: Кога дојде во Манчестер, ни рече дека ќе биде најдобар на светот, помисливме дека е луд

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед се потсети на доаѓањето на Роналдо во редовите на Премиерлигашот, Норвежанецот откри какви очекувања имал тогаш талентираниот Португалец, а истите ги натерале неговите соиграчи да помислат дека е луд.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед – Јувентус, тоа е мечот кој многумина љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат, истиот се игра утревечер со почеток од 21 часот, а поранешниот напаѓач на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјаер верува дека Јувентус е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Норвежанецот своето мислење го базира на фактот што Старата дама изминатото лето го ангажираше поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, со него, како што вели тој, титулата во ова натпреварување за Јувентус е неизбежна.

Солскјаер откри што им порачал Роналдо на своите тогашни соиграчи во Манчестер јунајтед по трансферот од Спортинг Лисабон, неговата порака за момент ги подзамислила дека е луд, но, излегла вистина.

Кога тој пристигна во Англија беше само дете, но, ни рече дека еден ден ќе биде најдобриот на светот, ние помисливме дека е луд, но, излезе вистина, никогаш не сум сретнал таков професионалец како него, Алекс Фергусон премногу го сакаше“ вели Солскјаер.

Дали Јувентус се фаворити за титулата во Лигата на шампионите? Тоа е неизбежно, со Кристијано во тимот“ додаде Норвежанецот.