24фудбал

Лопетеги: Тимот е жив, ова е силен состав изполнет со шампиони

Шефот на стручниот штаб на Кралевите има шанса против аутсајдерот во групата да тргне од некаде, и тоа пред домашната публика, евентуален кикс за него извесно е дека ќе значи и отказ.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид е непрепознатлив, тимот на Хулен Лопетеги не личи на себе по катастрофалните изданија изминатиов период, Кралевите цели пет меча не знаат за победа во сите конкуренции, а утревечер (вторник) на домашен терен го пречекуваат тимот на Викторија Плзењ.

Дуелот против аутсајдерот ќе биде шанса за поправен по неочекуваниот минимален пораз кај ЦСКА Москва во претходното коло, но, и шанса да се тргне од некаде, евентуален кикс, извесно е дека ќе му донесе отказ на Хулен Лопетеги, а тој тврди дека тимот е жив.

Тимот е жив, ние со голема возбуда го очекуваме утрешниот меч“ вели Лопетеги.

Ова е силен состав, исполнет со многу шампиони и големи победници, историјата на овој клуб му налага да се бори во тешки битки, тоа ќе го направиме сите заедно, како фудбалерите, така и стручниот штаб, знаеме дека мораме да се подобриме“ додава тој а притоа беше запрашан за најавите за негов отказ на клупата.

Не обрнувам внимание на тоа што новинарите го пишуваат, мојата работа е да го подготвам тимот за наредниот натпревар, тоа е мојата работа, фокусирани сме на тоа што не очекува, во целост сме мотивирани за да докажеме дека имаме капацитет за големи резултати и дека претходните резултати не се реална слика за нашиот квалитет“ заклучи шефот на стручниот штаб на Кралевите.